Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Од:

Петмина мажи се уапсени откако Британка била групно силувана во одморалиштето Аја Напа на Кипар. Жртвата (20) на полицијата во Кипар и кажала дека била нападната во хотелот во кој престојувала во градот Фамагуста.

Полицијата уапси пет мажи од Израел осомничени за немилиот настан. Тројца од осомничените се на 19, а другите двајца на 20 години. Тие денеска ќе бидат на суд.

Ова се случи откако тројца британски туристи беа уапсени во Магалуф откако наводно групно силувале жена. Тие беа ослободени со кауција откако беа уапсени кон крајот на минатиот месец.

Локалните извештаи наведуваат дека двајца мажи се под истрага под сомнение дека силувал Британка, а третиот поради сомневање дека не направил ништо за да спречи сексуален напад.

Ова е второ наводно силување на британски турист во Магалуф за неколку дена, откако тинејџерка од Велика Британија (18) изјавила дека била групно силувана од осум туристи во хотел.

Тројцата осомничени беа обвинети дека „намерно ја опијаниле“. Во видеото од мобилниот телефон од наводниот сексуален напад, запленето од полицијата, се вели дека мажите „уживаат и се смеат“.

Би можело да ве интересира

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Момче силувало малолетно девојче