Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Од:

Драматичен пресврт во случајот за смртта на 29-годишниот Србин кој загина на пешачки пред паб на брегот на Лимасол (Кипар), настан што првично се мислеше дека е несреќа.

Окружниот суд во Лимасол им одреди тридневен притвор на двајца мажи во врска со смртта на 29-годишниот Србин.

Жртвата и сега осомничените се скарале во паб на авенијата Џорџ Први. Двајца мажи, 34 и 39 години, биле пријавени во полиција од очевидци, наведувајќи дека претепале Србин и побегнале. По нив утрово беа распишани налози за апсење. Нивните бранители се спротивставија на притворот со образложение дека доказите против нив се недоволни.

– Судот ја одби нивната жалба. Во саботата нешто пред три часот по полноќ, 29-годишен Србин, постојан жител на Кипар, во алкохолизирана состојба излегол од пабот по расправија. Додека жртвата се движела покрај брегот, 39-годишниот осомничен се приближил до него и силно го удрил во градите, соборувајќи го на тротоарот. Србинот се обидел да стане, но 39-годишникот уште еднаш го турнал на земја – јавуваат извори за кипарските медиуми.

Неколку моменти подоцна, според извештаите, 34-годишниот осомничен почнал да го удира со тупаници и клоци 29-годишниот Србин додека бил на тротоарот. Србинот на крајот успеал да стане и се обидел да побегне низ паркингот. Потоа истрчал на патот и бил удрен од автомобил управуван од 29-годишен кипарски Грк, објави порталот In-cyprus.

Расправијата и тепачката ги снимила надзорна камера од блиската зграда и полицијата го земала тој материјал. 34-годишниот маж негирал каква било вмешаност, а вториот осомничен признал дека ја турнал жртвата на земја.

Обдукцијата утре ќе ја утврди точната причина за смртта. Возачот на автомобилот кој прегази Србин, инаку вработен како обезбедување во клуб во Лимасол, беше уапсен бидејќи од невнимание предизвикал смрт. По рочиштето тој е пуштен да се брани од слобода.

Србинот беше убиен во саботата околу три часот по полноќ, а најпрвин се веруваше дека се работи за несреќен случај, односно дека во него удрил автомобил додека го минувал патот. Сепак, истрагата доведе до пресврт, па сега смртта на Србинот се третира како убиство.

Би можело да ве интересира

Загина мотоциклист на автопатот Скопје-Велес

Горан Наумовски

Загина 63-годишен прилепчанец при палење стрниште

Горан Наумовски

Се преврте трактор, загина 73-годишен велешанец

Загина 48-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Србин пронајден починат на фарма за свињи во гевгелиско Моин