Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Од:

Насилно обезбедување ја злоупотребува својата моќ и ги таргетираат Британците на одмор, сугерираат туристите, откако обезбедувачи на Кипар наводно до смрт претепале Британец, пишува Дејли мејл.

Хусеин Мавидениз (29) бил нападнат во раните утрински часови во четвртокот пред клуб во Искеле, во северен Кипар.

Тој наводно бил удрен со тупаница во главата од обезбедувањето на клубот, а еден од насилниците го удрил во главата додека лежел во несвест на тротоарот, пренесува „North Cyprus News“.

Британскиот турист бил итно бил пренесен во државната болница во Фамагуста, а по пристигнувањето била констатирана смрт.

Трагедијата е последната во серијата насилни тепања и неоправдани напади врз туристи од Велика Британија на популарните летни дестинации, пишува „Дејли мејл“.

Минатиот месец, Џејмс Тејлор (18) беше држен од четворица обезбедувачи во ноќниот клуб CherryBay во Лаганас, на грчкиот остров Закинтос.

Тејлор за MailOnline изјави дека повреден бил во очите, отечена му била вилица, имал повреди на главата и на десното колено.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство