На Јемен му се заканува глад од поголеми размери

Од:

Војната и сиромаштијата носат глад, Јемен најзагрозен
Недостигот храна, до кој доаѓа како последица од војна, сиромаштија и екстремни временски услови годинава ќе загрози десетици милиони луѓе ширум планетата, предупреди денеска „Глобалната мрежа за борба против недостиг на храна“.

Аналитичарите на „Глобалната мрежа“ како главни виновници за очајната ситуација поради која во 2018 година беше потребна помош за повеќе од 113 милиони луѓе ги истакнаа судирите и несигурноста.

Членки на „Глобалната мрежа“ се Организација на ОН за храна и земјоделство (ФАО), Светската програма за храна и Европската Унија.

Лука Русо од ФАО изјави дека од сите земји кои во 2018 година беа погодени со кризата се истакнува Јемен, каде помошта во вид на храна е потребна за околу 16 милиони луѓе.

Русо додаде дека веднаш зад Јемен следува Конго со 13 милиони загрозени, и Авганистан во кој помош е потребна за околу 10,6 милиони луѓе.

Аналитичарите истакнуваат дека ова е трета година по ред бројот на луѓе зафатени со криза да биде поголем од 100 милиони, но воочен е благ пад во однос на 2017 година кога биле регистрирани околу 124 милиони загрозени.

Климата и конфликтите, судејќи по се, и во 2019 година ќе продолжат да создаваат нови кризи со храната.

Сушата и „Ел Нињо“ го загрозуваат јужниот дел на Африка, латинска Америка и Карибите, додека бројот на мигранти од Сирија се уште е голем.

Би можело да ве интересира

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Кличко повторно жестоко го критикуваше Зеленски: „Војната е изговор за централизација на Украина“

А1он

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски