Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Од:

Хутите во Јемен тврдат дека нападнале и погодиле американски трговски брод во Црвеното Море. Тие велат дека го нападнале бродот KOI. Фирмата за поморска безбедност Амбри соопшти дека бродот што пловел јужно од јеменското пристаниште Аден пријавил експлозија.

Во меѓувреме, САД започнаа нови воздушни напади во Јемен. Како што велат, таргетирале 10 дронови кои наводно биле подготвени за лансирање. Според новинската агенција Ројтерс, KOI е контејнерски брод под либериско знаме управуван од Oceonix Services со седиште во Велика Британија. Во флотата на истата компанија е и танкерот за нафта Марлин Луанда, кој во саботата беше оштетен од проектил.

Хутите ги сметаат сите израелски, американски и британски бродови за легитимни цели. Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сареа, рече дека вооружените сили на движењето го гаѓале американскиот трговски брод наречен KOI со „неколку поморски проектили“. Бродот, рече тој, пловел кон „пристаништата на окупирана Палестина“, термин што Хутите понекогаш го користат за да се однесуваат на Израел.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Американците нападнаа

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа