На холандски товарен брод му се заканува потонување, екипажот беше евакуиран

Од:

Екипажот на холандски товарен брод вчера беше евакуиран од бурното невреме во близина на норвешкиот брег, соопштија денеска локалните власти, додека бродот останал да плови и му се заканува потонување.

Некои од 12-те членови на екипажот скокнале во океанот пред да бидат спасени со хеликоптер, додека други биле спасувани директно од палубата, наведува Норвешкиот центар за координација за спасување.

Сите членови на екипажот се на безбедно, но пловниот објект, што во моментов се наоѓа во Северното море на околу 130 километри од крајбрежјето, е во опасност од потонување, изјави норвешки официјален претставник.

– Бо текот на ноќта откажал главниот мотор на бродот, изјави Ханс Петер Мортенсон, од Норвешката управа за крајбрежје за НРК.

„Постои ризик бродот да се преврти и потоне“, рече Мортенсон, додавајќи дека ова може да предизвика излевање на дизел и мазут од резервоарот.

„Емслифт Хендрика“ е брод изграден во 2015 година и регистриран во Холандија, а е наменет за транспорт на јахти и помали пловни објекти на палубата, наведува компанијата „Старклас јахт транспорт“ од Монако.

Би можело да ве интересира

Браун: Повикот за помош спаси многу човечки животи во Балтимор

Голем пожар на британски носач на авиони, има повредени

Горан Наумовски

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

(ВИДЕО) Ветерот за малку ќе превртеше крузер во Которскиот залив

Горан Наумовски