(ВИДЕО) Ветерот за малку ќе превртеше крузер во Которскиот залив

Од:

Крузерот Амадеа, кој е во сопственост на германска компанија, го привлече вниманието на локалното население кога утринава за малку ќе се превртеше додека пловел во Которскиот залив.

Од Дирекцијата за поморска безбедност и управување со пристаништа за порталот РТЦГ велат дека се информирани за овој настан, но дека нема закана по безбедноста.

Амадеа е еден од помалите бродови за крстарење кој досега пловел во Бока. Долга е 192 метри. Патниците се на 14-дневно патување кое завршува на 4 декември.

Амадеа има 40 апартмани, од кои два се кралски апартмани и 254 кабини.

Црногорската полиција ги предупреди сите учесници во системот за заштита и спасување и повика на оперативна подготвеност поради предвиденото невреме.

Би можело да ве интересира

Подгорица оди на вонредни избори

Детали за голема меѓународна полициска акција во Црна Гора: Уапсени девет лица, поднесени кривични пријави против 19

Ѓукановиќ бил информиран дека му се подготвува атентат

A1on

(ВИДЕО) Несреќа во Белград: Товарен брод удрил во чамец, се трага по две лица

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Почина Матија Шаркиќ, голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора