Можно е словенечкиот претседател да распише предвремени парламентарни избори

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор би можел да распише предвремени парламентарни избори за 13 јули, бидејќи независниот пратеник Иван Вогрин не успеа да собере доволен број потписи за поддршка за кандидатот за мандатар Душан Радоњиќ, објави денеска словенечкиот портал 24ur, пренесува Танјуг.

На полноќ истече 40-дневниот рок за кој пратениците можеа да предлагаат кандидати за мандатар. Единствениот кој во тој рок поднел свој предлог бил Вогрин, кој не успеа да ги собере потребниот број потписи од пратениците, за што Парламентот ќе биде запознат на вонредна седница.

Претседателот на Парламентот Ханко Вебер во вторникот најави дека Собранието денеска ќе знае дали постои некаков предлог за мандатар. Со тоа ќе започне да истекува рокот од 48 часа во кој 10 пратеници или пратеничка група би можеле да предложат евентуален трет круг од гласањето за мандатар.

Доколку и во овој рок нема предлози, Собранието ќе го информира шефот на државата, кој ќе го распушти Парламентот и ќе закаже предвремени избори, најверојатно на 13 јули.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он