Моди: Новиот статус на Кашмир ќе значи крај на сепаратизмот и тероризмот

Од:

Премиерот на Индија Нарендра Моди изјави денеска дека преминувањето на дел од Кашмир под управа на Њу Делхи од сојузна држава во сојузна територија ќе помогне да се стави крај на децении тероризам и сепаратизам, инициран од Пакистан.

Моди, во обраќањето на нацијата, ја опиша промената воведена од индиската влада во Кашмир како историска и изрази очекување дека ситуацијата наскоро ќе се нормализира.

Тој рече дека „асимилацијата“ на народот на Кашмир со остатокот од нацијата ќе овозможи развој и ќе се отоврат нови работни места со инвестиции од државни и приватни компании.

Моди го обвини Пакистан дека користел претходен договор како оружје за да ги поттикне луѓето од регионот против Индија.

Индиската влада ја укина уставната одредба за посебниот статус на Кашмир, што му гарантираше автономија за да го интегрира целосно тој мнозински муслимански регион.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач