Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

Од:

Објавени се фотографиите на тројцата осомничени за силувањето на шпанската блогерка за патувања Фернандa, што се случи во индиската држава Џарканд.

Двојката била на пат за Непал преку Багалпур, но застанале во Думка да се одморат и да подигнат шатор во близина на пазарот Хансдиха, по што биле нападнати.

Се сомнева дека е уапсен само дел од бандата која ноќта меѓу 1 и 2 март упаднала во шаторот на блогерката и нејзиниот сопруг Винсенте. Го ограбиле и му се заканувале со нож, додека наизменично ја силувале жената.

“Не совладаа. Ми ставија нож на вратот и ми рекоа дека ќе ме убијат. Фернанда беше силувана. Седум од нив. Седум луѓе. Кучки синови”, сподели лутиот Висенте во своето видео.

На него се гледа пар покриен со модринки и отоци на нивните лица.

На фотографијата што ја објави индиската полиција Думка, може да се забележат мажи чии лица се покриени со фантомки, додека имаат врзано јаже околу половината, пренесува CNN.

Сите напаѓачи се идентификувани и се очекува наскоро да биде уапсен и остатокот од бандата, тврдат од полицијата.

Винсенте и Фернанда патувале во повеќе од 60 земји откако го започнале своето патување од Барселона пред 5 години. Во нивните патувања, парот поминал преку 170.000 километри со своите мотоцикли.

Дуото, кои се и амбасадори на популарната марка на мотоцикли, собра 245.000 следбеници на Инстаграм, каде што ги документираат своите искуства додека патуваат низ континентите.

Би можело да ве интересира

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Момче силувало малолетно девојче