Дорис, камила од анлискиот северен Јоркшир, донела на свет младенче, иако сопствениците тврдат дека во измината една година немала никаков контакт со мажјак.
Тие тврдат дека се вчудовидени од тоа дека Дорис, една од нивните две камили, родила младенче иако го дели просторот со друга женка камила, нејзина полусестра.
Ендрју и Марија Хеншо немале поим дека Дорис е бремена се додека не го родила малиот мажјак. Едно логично објаснување е дека Дорис е оплодена пред да стигне од Корнвол на нивната фарма.
Хеншо ги извршувал своите работи на фармата кога помошникот работник дотрчал да му каже дека камилата се породува.
– Додека стигнавме, нозете и главата веќе беа надвор, па му помогнавме да излезе. Тоа беше неочекувано. Штом се роди, почна да прави врева како диносаурус. Неколку часа потоа изгледаше како жирафа, со својот врат, или како чудовиште од Лох Нес поради двете грпки, вели Хеншо за „Дејли телеграф“.
Хеншо тврди дека бременоста кај камилите може да трае подолго од една година, дури и до 15 месеци.