Мистеријата на коронавирусот: Децата се помалку подложни, а научниците не знаат зошто

Од:

Научниците низ светот настојуваат што подобро да го проучат коронавирусот, а еден од непознатите факти кој се уште не можат да го разјаснат е податокот дека децата се помалку подложни на оваа инфекција.

Епидемијата на коронавирусот беше објавена на 31 декември, но во тој момент ниту едно дете помало од 15 години не беше меѓу заразените, се до 22 јануари.

Во студија објавена во медицинското списание „Њу Ингланд“ се наведува дека „децата изгледа помалку се подложни на инфекцијата, а и кога ќе се заразат со коронавирус имаат многу поблаги симптоми од возрасните“.

Во меѓувреме, лекарите регистрираа неколку нови случаи на зараза со коронавирусот кај деца.

Се заразија деветмесечно девојче во Пекинг, дете од Германија чиј татко бил болен и едно дете од Шенжен во Кина, кое било заразено со вирусот, но немало никакви симптоми.

Кинеските власти завчера информираа дека кај бебе во Вухан, 30 часа по раѓањето, е потврдено присуство на коронавирусот, а инфекцијата била потврдена и кај мајката.

Од се што досега утврдивме и поради причини кои не ни се јасни, изгледа дека од коронавирусот, пред се, заболуваат возрасните, изјави за „Бизнис инсајдер“ Ричард Мартинело, вонреден професор по инфектологија на Медицинскиот факултет на “Јејл”.

Симптомите на новиот коронавирус се слични на воспаление на белите дробови или грип – треска, кашлица, висока температура, отежнато дишење и болки во грлото.

Коронавирусот има многу сличности со САРС од чии последици од ноември 2002 до јули 2003 година починаа 774 луѓе, а повеќе од 8.000 се заразија.

Меѓу нив имаше и заразени деца, но само 80 лабораториски потврдени случаи и 55 потенцијални или сомнителни случаи.

Би можело да ве интересира

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов