Меркел преку телефон бара Трамп да соработува со ОН и Русија за Сирија

Од:

Германската влада денеска објави дека во телефонскиот разговор што го имале вчера канцеларката Ангела Меркел и претседателот на САД Доналд Трамп се разговарало за ситуацијата во Сирија и за можноста за надминување на тензиите во односите со Северна Кореја, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според портпаролот на германската влада Штефан Зајберт, во разговорот канцеларката ја потенцијрала потребата да се продолжи со политичкиот процес во рамки на Обединетите нации.

„По разбирливата реакција на САД на ужасната употреба на хемиско оружје, мора да биде направено се што е можно за да може политичкиот процес во рамки на ОН да тргне напред“, му порачала Меркел на американскиот претседател Трамп се вели во изјавата на германската влада.

Покрај за улогата на ОН во изнаоѓање на мирно решение за конфликтот во Сирија Меркел во телефонскиот разговор со Трамп зборувала и за потребата од соработката со Русија која што е „особено значајна во промовирање на политичката транзиција во Сирија“. Според германската канцеларка целта на заедничката акција е мирна и стабилна Сирија која што не е предводена од претседателот Башар Асад.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ