Меј: Подготвени сме за интензивирање на преговорите со ЕУ

Од:

Велика Британија е подготвена да ги интензивира преговорите со Европска унија за Брегзит, но се уште ништо не е официјално договорено, изјави портпаролот на британската премиерка Тереза Меј.

Претходно, главниот преговарач на Европската комисија за излезниот процес од ЕУ, Мишел Барние кажа дека главниот камен на сопнување е финансиското порамнување.

– Оваа недела донесе корисни разговори, се разјаснија некои работи, но не оставривме никаков значаен напредок за клучните прашања, изјави преговарачот Барние.

Тој го критикуваше Лондон заради невозможните барања, а како пример го наведе барањето на Велика Британија да има право на глас при одредувањето на прописи за заедничкиот пазар на ЕУ.

Позициите на ЕУ и Велика Британија за Брегзит се толку различни што постои само минимална шанса Брисел да се согласи преговорите да почнат во октомври.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски