Меј ќе бара двегодишен транзициски период по Брегзит

Од:

Британската премиерка Тереза Меј ќе побара од лидерите на ЕУ двегодишен транзициски договор откако Велика Британија ќе ја напушти унијата во март 2019. година, пренесува Би-Би-Си.

Министрите во британската влада се согласни дека е потребно постоењето на транзиционен период откако Британија ќе го напушти европскиот сојуз, но сепак се поделени во мислењето колку тој период треба да трае.

Премиерката вети дека Велика Британија ќе плати најмалку 20 милијарди евра (18 милијарди фунти) за „разводот“, извести вчера „Фајненшл Тајмс“.

Советникот на Меј за ЕУ, Оли Робинс, ги извести колегите во Европа за таа понуда, а се очекува официјално Меј во петок во Фиренца официјално да ја објавни понудата.

Портпаролот на германската влада Георг Штрајтер негираше дека канцеларката Меркел добила било какво известување.

– Британската влада не нема известено за некаква преговарачка понуда, изјави тој.

Британија треба да предложи износ за измирување на своите финансиски обврски спрема ЕУ кога ќе го напушти сојузот, а крајниот рок за излегување е 29. март 2019. година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп