Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Од:

Европската Унија ќе му каже на Израел дека е посветена да им дозволи на Палестинците од Појасот Газа безбедно и достоинствено да се вратат во енклавата, додека Европа ќе одвои средства за реконструкција на територијата, се наведува во документот што го видел Ројтерс.

Во документот се наведува дека ЕУ бара и целосен пристап за хуманитарна помош до енклавата.

„ЕУ длабоко жали за неприфатливо високиот број цивили, особено жени и деца, кои ги загубија животите во катастрофалната хуманитарна ситуација создадена првенствено од недоволниот пристап до помош во Газа, особено на север“, се наведува во документот.

Би можело да ве интересира

Брисел и Атина против турско-либискиот договор

Грушко: Антирускиот став на ЕУ го исклучува Брисел од преговорите за европската безбедност

Кушнер: Европа води посредничка војна против Русија

IISS предупредува: Расте ризикот од руски саботажи во Европа, следниот напад може да има многу жртви

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

Пирц-Мусар: Проширувањето на ЕУ сѐ уште се одвива пребавно, Словенија поддржува гласање со квалификувано мнозинство