Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас изјави денеска дека доколку САД започнат трговска војна со ЕУ, Кина ќе биде таа што ќе се смее од страна.

Во врска со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД наскоро ќе воведат царини за стоки увезени од ЕУ, Калас нагласи дека во трговските војни нема победници.

„Ако САД започнат трговска војна, тогаш Кина е таа која се смее. Ние сме многу меѓусебно поврзани. Ние сме и потребни на Америка и обратно. Тарифите ги зголемуваат трошоците. Тие не се добри за работни места, не се добри за клиентите. Тоа е јасно“, им рече Калас на новинарите по пристигнувањето на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ за европската одбрана.

Таа додаде дека одбраната на Европа е тесно поврзана со НАТО и оцени дека е потребна посилна соработка на ЕУ со НАТО, како и дека односите со САД и Велика Британија се „исклучително важни“ за зајакнување на европската одбрана.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека наскоро ќе воведе царини за стоките увезени во САД од Европската Унија и не ја исклучи таквата мерка против Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Американските сили уништија ирански брод во Оманскиот Залив

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски