Меј: Гласањето на ЕП за Брегзит не е неочекувано

Од:

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека не било неочекувано гласањето на Европскиот Парламент, кој се спротивстави на идејата уште сега да започнат преговори за идните трговски односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

– Не мислам дека гласањето беше особено неочекувано, изјави Меј за телевизијата Скај, додавајќи дека таа само изнела понудата какво би можело да биде идното партнерство меѓу Велика Британија и ЕУ.

– Сега чекаме да слушнеме од ЕУ каков е нивниот одговор, рече Меј.

Европскиот Парламент денеска со големо мнозинство гласови усвои резолуција во која се оценува дека во преговорите со Велика Британија околу Брегзит, „не е постигнат доволен напредок“ за отпочнување нова фаза од дијалогот.

За ваквиот став, со кој од лидерите на ЕУ се бара да ја одложат одлуката за почеток на преговори за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија, гласаа 557 европратеници, 92 беа против, а 29 воздржани.

Самитот на лидерите на ЕУ на кој ќе се разгледува ова прашање е закажан за 19 октомври.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ