Mej: Ако договорот за Брегзит не помине во Парламентот, тоа ќе предизвика нестабилност

Од:

Британската премиерка Тереза ​​Меј предупреди дека ако договорот за Брегзит не помине во британскиот Парламент, тоа ќе предизвика поголема поделба и несигурност.

Ова предупредувања Меј го упати преку Радиото 5 на Би-Би-Си. В недела на самит во Брисел, се очекува ЕУ и Велика Британија да го финализираат договорот за Брегзит и политичката декларација за идните односи меѓу двете страни. Потоа Тереза ​​Меј треба да добие одобрение од Парламентот. Но, тоа е неизвесно поради противењето на голем број политички партии, дури и на пратеници од нејзината партија.

– Тој договор е најдобар договор, кој одговара на праксата, на она за што гласаа луѓето на референдумот за Брегзит во јуни 2016 година, рече Меј.

-Мојата работа сега е да ги убедам луѓето во Парламентот, додаде таа.

-Ако договорот не помине таму, ќе се вратиме на местото каде што започнавме. Ќе се најдеме во ситуација на уште поголема несигурност и поделба, предупреди Меј.

Премиерката одби да каже дали ќе поднесе оставка ако Парламентот не го прифати договорот. Таа призна дека е разочарана од оставките на неколкуте министри, кои не се задоволни од нацрт-договорот. Меј, исто така, рече дека добива и пораки за поддршка на договорот. Како израз на поддршка, таа кажа дека добила цвеќе, па дури и торта со нејзиниот лик на врвот, направена од 9-годишно девојче.
Тереза Меј утре оди во Брисел на состанокот со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски