Мавританија е 9. држава која ги прекина дипломатските односи со Катар

Од:

Исламска Република Мавританија вчера официјално соопшти дека ги прекинува дипломатските односи со Катар, јави телевизијата „Скај њуз – Арабија“, цитирана од ТАСС.

Осум држави – Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Египет, Јемен, привремената Влада на Либија, Малдиви и Маврициус – во понеделникот ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го дека ги поддржува исламските екстремисти и шиитскиот Иран.

Повеќето од овие земји соопштија дека донеле и други мерки, вклучувајќи и прекин на транспортните врски, економските и финансиските односи, прекин на банкарските операции, протерување на дипломати и катарски поданици од своите територии.

„Владата на Исламска Република Мавританија одлучи да ги прекине своите дипломатски односи со Државата Катар, затоа што поддржува терористички организации и ги поттикнува екстремистичките идеи“, се посочува во коминике на мавританското Министерство за надворешни работи, цитирано од француските медиуми.

Според мавританското МНР, Катар „создал хаос и тензии во многу арапски земји, што предизвика огромни хуманитарни трагедии во овие земји, во Европа и низ целиот свет“.

Мавританија е сојузник на Саудиска Арабија и ја поддржува нејзината воена интервенција во Јемен, забележуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

Катар дава пола милијарда долари за да се обнови Газа

Жарко Настоски

Катар вети 60 милиони долари за гасовод до Газа

Жарко Настоски

ВИДЕО: Во Катар 20.000 гледачи на отворање на нов стадион, сите тестирани на корона пред влезот

Жарко Настоски

Граѓаните на Катар ќе избираат 30 од 45 членови на Парламентот

Ана Ололовска

Напуштено бебе најдено на аеродром во Катар – властите симнале 13 Австралијанки од авион, барајќи ја мајката

Жарко Настоски

Ердоган утре во посета на Катар и Кувајт

Жарко Настоски