Масовни тепачки меѓу африканските мигранти во Кале

Од:

Во текот на измината ноќ дојде до нови судири меѓу африканските мигранти во зоната на пристаништетотo во Кале, притоа педесет лица се поврeдени, јавува дописникот на МИА од Париз.

Тепачката започна уште вчера вечер во центарот на градот, во моментот кога се делеше храна – од една страна мигранти од Судан и од друга мигранти од Еритреја, при што  мораа да интервенираат и специјалните полициски сили.

– Судирите продолжија по вечерата и се поместија во зоната на пристаништето и траеа vo ноќта, при што полицијата мораше да ги раздели двете страни, објаснуваат од префектурата на Кале.

Во овие тепачки имало 51 повредено лице. Според вработените во пристаништето, во тепачката зеле учество околу 300 лица на терминалот за ферибродовите.

На полицијата и беше потребен еден час за да ги смири и раздвои учесниците во тепачката. Првите судири избија во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот кога во тепачките зедоа учество меѓу 100 и 150 мигранти, во нив нимаше 13 повредени.

Тепачката се случи во индустриската зона на Кале, каде е подигната импровизирана населба од стотина мигранти, кои по одлуката на француските власти треба да бидат евакуирани поради санитарни причини. Претходно една друга ваква населба беше евакуирана на 12 јули исто така поради санитарни причини. Проблемот со мигрантите во Кале, не е нов, бидејќи тоа е местото од каде тие повеќе години наназад сакаат да заминат за Велика Британија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина