Претседателот на Републиката, Емануел Макрон, во интервјуто за телевизијата ТФ1 увери дека Франција ќе може да им понуди вакцина на „сите Французи кои сакаат“, „до крајот на летото“. Тој исто така процени дека „на почетокот на март“ ќе бидат вакцинирани 80 отсто од жителите на старечки домови кои тоа го сакаат, односно 500 000 луѓе.
Од февруари, четири француски лаборатории ќе произведуваат вакцина, создадена од други лаборатории, најави шефот на француската државата. Емануел Макрон, сепак, призна дека „не е стратегијата за вакцинирање што ќе овозможи на краток рок да се избегне повторно затворање или не кога вирусот циркулира со голема брзина“. Имено Франција од пред неколку недели има на високо плато, забележувајќи 20.000 до 25.000 нови случаи на ден.
-Тоа е нашата мобилизација за сите, односно да ја кажеме нашата способност да ги преземеме гестовите на бариера и нашата способност да го почитуваме триптихот тестирање -поддршка-заштита“, додаде тој.
Според него се работи да се биде „колективно извонредно одговорен, како што тоа го правеа нашите сограѓани веќе неколку недели, и многу им благодарам за ова“, продолжи тој. Најавувајќи дека ќе донесува најсоодветните одлуки во секоја фаза, што ги налага здравствената ситуација.
Емануел Макрон, притоа потсети на важноста од снабдување на најсиромашните земји со вакцина во иднина, за вирусот да не се врати на француската територија. Тоа според него ќе биде дозволено со производството на вакцини.
-Ние ќе обезбедиме 2,3 милијарди вакцини во Европа. Се надеваме дека ќе направиме уште повеќе, рече тој, нагласувајќи ја важноста на „прилагодување на вакцините“ и „планирање на на втората вакцинација“ наспроти варијантите кои се појавуваат низ целиот свет.
Запрашан за руската вакцина, која се чини ја покажува нејзината ефикасност против вирусот, францускиот претседател исто како и германската канцеларка Ангела Меркел, рече:
-Веднаш штом ќе биде поднесено барање за одобрување од производителот, европските и националните власти научно ќе ја испитаат оваа вакцина независно и, во зависност од резултатите, ќе ја одобрат или не.