„Мајкрософт“ соопшти за нови хакерски напади од „Нобелиум“

Од:

Хакерската група што стои зад нападот врз американската софтверска компанија SolarWinds, извршен лани, сега се насочила кон владини агенции, аналитички центри и невладини организации. Информацијата ја објави компанијата „Мајкрософт“.

„Оваа недела забележавме кибер напади од страна на Нобелиум насочени кон владини агенции, аналитички центри, консултанти и невладини организации“, објави Мајкрософт во блогот.

Нобелиум, со потекло од Русија, е истиот актер кој стои зад нападите врз клиенти на SolarWinds во 2020 година, соопшти „Мајкрософт“.

„Овој бран напади имаше за цел околу 3.000 имејли во повеќе од 150 различни организации“.

Најголем дел од нападот е кон цели во САД, додека ќжртви се и во уште најмалку 24 земји, соопшти Мајкрософт. Најмалку четвртина од таргетираните организации се вклучени во меѓународен развој, хуманитарни прашања и работа со човекови права, наведе Мајкрософт во блогот. Нобелиум ги почнале нападите оваа недела со упад во меркетинг налогот на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и од таму извршувајќи напади со фишинг врз многу други организации, соопшти Мајкрософт.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он