Околу 36 отсто од луѓето кои биле злоставувани на интернет изјавиле дека лично ги познавале сторителите како членови на семејството, пријатели или познаници, покажа истражувањето направено од Мајкрософт за онлајн ризиците и безбедноста на интернет, објави денеска компанијата по повод обележување на Денот на безбеден интернет.
Истражувањето, кое опфатило испитаници на возраст од 13 до 74 години, покажа дека 17 отсто од злоставуваните на интернет ги идентификувале сторителите како членови на семејството или пријатели, а секој петти рекол дека сторителот му бил познаник.
Корисниците на интернетот во второто годишно истражување „Индекс на култура на однесување на интернет“ биле испитувани за своите искуства во врска со 20 различни примери на онлајн ризикот кој се однесува на онлајн однесување, репутација и вознемирување, сексуална и лична слобода.