Лондон се загрижи за судбината на принцезата Латифа од Дубаи, која вели дека татко ѝ ја држи во залошништво

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека е загрижен за судбината на принцезата Латифа, една од ќерките на владетелот на Дубаи, и рече дека овој случај ќе биде во центарот на вниманието.

– Тоа е нешто за што очигледно сме загрижени, но Комисијата за човекови права на ОН го разгледува тоа. Мислам дека ќе почекаме и ќе видиме како ќе напредуваат. Ќе внимаваме на тоа, изјави Џонсон.

Обединетите нации денеска соопштија дека ќе го покренат прашањето за апсењето на принцезата, чие полно име е Латифа бинт Мохамед бин Рашид Ал Мактум, пред властите на Обединетите Арапски Емирати.

Принцезата го обвини својот татко, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, дека ја држи во заложништво во Дубаи од 2018 година, кога се обиде да избега од градот, а во тајно снимено видео откри дека се плаши за својот живот, пренесува Би-Би-Си.

Поради тоа видео, беа испратени повици од целиот свет до Обединетите нации да го испитаат случајот.

Од Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ООН одговорија на повиците, кои бараат одговори за принцезата Латифа од Обединетите Арапски Емирати, и наведуваат дека истрагата ќе започне откако подетално ќе се анализира снимката.

Таткото на принцезата Латифа, шеикот Мохамед бин Рашид ел Мактум, е еден од најбогатите шефови на држави во светот, владетел на Дубаи и потпретседател на ОАЕ.

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он