Лондон првпат употреби ракети „Бримстоун“ врз цели на ИД во Сирија

Од:

Велика Британија вчера изведе неколку воздушни напади во Сирија врз цели на групата Исламска држава (ИД), пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на портпаролката на британскиот премиер Дејвид Камерон.

Според БТА, британските авиони првпат во своите напади употребиле ракети „Бримстоун“.

Британските вооружени сили вчера извеле вкупно пет напади. Тие биле насочени врз автомобил и тунел на ИД во близина на Рака и врз нафтеното поле Омар.

Ракетите „Бримстоун“ се проектирани за брзи удари врз цели во движење и веќе биле употребени од британските ловци „Торнадо“ во Авганистан, Либија и Ирак.

Кон крајот на минтата година Велика Британија се приклучи кон нападите врз ИД во Сирија, јавуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск