Ливит: Трамп јасно стави до знаење дека Иран никогаш не може да добие нуклеарна бомба

Од:

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, „испратил детален и прифатлив предлог до иранскиот режим и дека е во нивен најдобар интерес да го прифатат“.

„Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека Иран никогаш не може да добие нуклеарна бомба“, изјави Ливит, истакнувајќи дека американскиот предлог му бил презентиран на Иран, објави Ројтерс.

Претходно, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека Техеран добил „елементи“ од американскиот предлог за потенцијален нуклеарен договор од оманскиот министер за надворешни работи, Бадр ал-Бусаиди, по пет рунди разговори.

„(Бусаиди) денес презентираше елементи од американскиот предлог во кратката посета на Техеран, на кои ќе биде одговорено на соодветен начин во согласност со принципите, националните интереси и правата на иранскиот народ“, рече Аракчи на социјалната мрежа X.

Би можело да ве интересира

Иран се заканува со силен одговор на каков било напад, Емиратите стравуваат од нова војна

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски