Лидерите на Г20 одржаа виртуелен самит посветен на пандемијата и нејзините економски последици

Од:

Лидерите на групата земји со најразвиени економии во светот (Г20) денеска одржаа виртуелен самит со цел да одговорат на брзото ширење на пандемијата на коронавирусот и нејзините економски последици.

Состанокот на Г20, на кој учествуваа десетици шефови на држави, траеше 90 минути, за разлика од вообичаените самити кои траеја два дена.

Годинава домаќин требаше да биде Ријад во Саудиска Арабија.

– Оваа криза бара глобален одговор. Светот смета на тоа дека ќе се собереме и ќе соработуваме за да се соочиме со овој предизвик, рече кралот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, кој претседаваше со самитот.

Средбата се одржа во услови на критики дека најбогатите земји во светот не презеле конкретни акции за да се изборат со вирусот и неговите економски последици.

Светските агенции коментираат дека овој вид комуникација на лидерите води до нетранспарентност затоа што новинарите не се во можност да присуствуваат и да поставуваат прашања.

Саудиска Арабија, која годинава претседава со Г20, соопшти дека организирала виртуелен самит за да се зајакнат напорите во борбата против пандемијата и застојот на економијата.

Би можело да ве интересира

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска