Летонија го воведува еврото како официјална валута

Од:

Владата на Летонија го утврди предлог-законот за воведување на еврото како официјално средство за плаќање наместо националната валута лата од 1 јануари 2014 година.

Според предлог-законот, цените на производите и услугите ќе се покажуваат истовремено во лати и евра, во текот на три месеци пред воведување на заедничката европска валута и во тек на половина година по преминувањето на еврото.

Во банките, промената на лати во евра ќе биде можна половина година по преминувањето на евро.

Во Банката на Летонија, таквата замена ќе биде можна без временско ограничување и износ. Иако Летонија планира да влезе во еврозоната од 2014 година, претходно мора да ги исполни критериумите на Брисел. Буџетскиот дефицит не смее да надминува 3% годишно, а државниот долг 60% од БДП.

Со оглед на критичната ситуација во еврозоната, во Летонија, во повеќе наврати имаше обиди да се организира нов референдум по прашањето за влез во еврозонта, но граѓаните веќе се изјаснија по тоа прашање во 2004 година, кога економската криза не беше на повидок.

Би можело да ве интересира

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Летонија го доби првиот геј претседател

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели

Одземена лиценцата за работа на независната руска телевизија „Дожд“ во Летонија

А1он