Лажните вести на агендата на првиот министерски состанок под романското претседателство

Од:

Романија денеска првпат во својата историја претседава со министерски состанок на ЕУ, на чија агендата се дезинформациите и повеќегодишната европска финансиска рамка.

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ денеска треба да имаат размена на мислења на тема дезинформациите и како да се координираат напорите на европско ниво пред овој проблем, посебно во пресрет на претстојните избори за Европскиот парламент.

Се очекува денеска министрите да разговараат за неколку клучни точки од оваа област. Приоритет се европските мајски избори и како да се гарантира на најдобар можен начин внатрешната и надворешната борба против лажните вести и дезинформациите. Министрите ќе ги разгледуваат можностите за зголемување на напорите за сензибилизација на јавноста за овој феномен.

Земјите членки сакаат да ја зголемат отпорноста и свесноста на општествата за дезинформациите, кои се очекува да се зголемуваат пред европските избори. Лажните вести ќе бидат повторно на агенда на 21 јануари, на Советот за надворешни работи.

Пред почетокот на состанокот, романскиот министер за европски прашања, Георге Сиамба, изјави дека „борбата против дезинформациите е тематско прашање за Романија, бидејќи ќе биде претседателството кое треба да ја заштити и одбрани Европа од странско мешање во пресрет на европските избори“.

Советот за општи работи ќе разговара и за повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ, која предизвикува поделби меѓу земјите членки. Не се очекува разговор за суштината на досието на денешниот состанок, туку само организациски пристап. Темата треба да биде заклучена под финско претседателство наесен 2019.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје