Лавров: Плановите на САД за вооружување на Украина ги поткопуваат договорите од Минск

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека плановите на САД за испорака на оружје за Украина ги поткопуваат постигнатите договори од Минск.

– Голем број Европејци го сметаат ваквиот план за многу опасен, но во ЕУ има и такви што буквално поттикнуваат снабдување со такво оружје. Тоа е недвосмислено однесување за уривање на договорите од Минск и нивно директно кршење, истакна Лавров.

Според него, Русија е подготвена да учествува во разгледување на предлозите за испраќање мировна мисија во источниот дел на Украина, доколку страните во конфликтот се заинтересирани за тоа.

Украинската армија денеска соопшти дека еден нејзин припадник е убиен во последните 24 часа во борбите во источниот дел на земјата и покрај објавениот прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим