Лавров: Момент на вистината во односите Русија и ЕУ

Од:

Односите меѓу Русија и ЕУ дојдоа до „моментот на вистината“, кога правецот на нивниот долгорочен развој мора да биде дефиниран, изјави денеска во Москва шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– За време на нашите претходни контакти споменавме дека односите меѓу Русија и ЕУ дојдоа до некој вид момент на вистината, кога треба да донесеме одлука за правецот на долгорочната соработка и да одговориме на прашањето: дали едни на други сме стратешки партнери или и натаму остануваме геополитички ривали, рече Лавров.

– Како последица на санкциите кои ЕУ ги воведе на Русија во 2014 година, економијата ширум ЕУ ќе изгуби околу 40 милијарди евра оваа година, а според проценките на штетите во 2015 година, би можела да достигне 50 милијарди евра, рече шефот на руската дипломатија, повикувајќи се на податоци на ЕУ.

– Одлуките во Брисел, посебно воведувањето на санкциите на Русија, се донесени под силен американски притисок, рече Лавров.

Во обраќањето на група бизнис лидери од Здружението на европските претпријатија, лоби групите кои ги застапуваат интересите на над 600 европски компании во Русија, Лавров повика на укинување на санкциите на Русија, чија мета се државни компании како и поединци.

Откако ЕУ би ги укинала санкциите кон Русија, Русија би можела да ја повлече едногодишната забрана за извоз на храна од ЕУ, воведена во август, која ЕУ ја чини околу 6,6 милијарди долари годишно.

Би можело да ве интересира

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on