Лам изјави дека е тажна поради повредените демонстранти во Хонгконг

Од:

Лидерот на Хонгконг, Кери Лам, денеска изјави дека е тажна заради тоа што во антивладините протести за време на викендот во градот имало и повредени лица.

Таа кажа дека кинескиот претседател Си Џинпинг во текот на вчерашните разговори во Шангај изразил внимение и загриженост кон Хонгконг, пренесоа британските медиуми.

Кинескиот претседател се сретна со Лам на маргините на Вториот меѓународен трговски саем ЕХПО во Шангај, а кинеската агенција Синхуа јави дека тој изразил високо ниво на доверба на својата влада дека Лам ќе ја стабилизира ситуацијата во оваа полуавтономна кинеска област.

Би можело да ве интересира

Уапсени 11 лица со оружје пред денешните протести во Хонгконг

Рекорден одзив на локалните избори во Хонгонг

По пет месеци протести денеска 4,13 милиони гласачи излегуваат на локални избори во Хонгконг

Поранешен агент на ЦИА осуден на 19 години затвор поради шпионажа

Татјана Ташкова

Трамп: Без мене Хонгонкг ќе беше смачкан за 14 минути

Кина предупреди дека ќе одговори на „неконтролираните“ немири во Хонгконг