Крвава свадба во Отава, убиени двајца мажи со 50 куршуми, ранети се шест гости

Од:

Најубавиот настан во животот на заљубен пар од Канада се претвори во хорор приказна кога двајца гости беа убиени со 50 куршуми на свадба во Отава.

Убиените мажи, 26-годишниот Саид Мохамед Али и 29-годишниот Абдишакур Абди-Дахир, живеат во Торонто, а биле меѓу гостите во центарот „Инфинити“ каде се одржал сведбениот настан. Покрај нив, ранети се уште шест гости.

Заменик-началникот на полицијата во Отава, Патриша Фергусон, на прес-конференција рече дека пукачите побегнале кога настанала паника за време на пукањето.

„Еден од гостите беше цел на пукањето, но не веруваме дека тие се жртви“, вели таа.

Фергусон додаде дека Али пристигнал во Канада пред четири месеци, додека Абди-Дахир работел како инженер.

Кога станува збор за ранетите, едно лице се уште се лекува, пишува CBC News.

Се уште не се објавени апсења или осомничени.

Шефот на полицијата Џејми Данлоп изјави дека нема докази дека се работи за масовно пукање и дека убиецот сакал да повреди осум лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во Шведска: Ранети тројца тинејџери

Предраг Петровиќ

САД: Полицијата уапси маж кој пукаше пред синагога

Напаѓачот од Лас Вегас, долгогодишен професор, имал листа за отстрел

Пукање на Бит Пазар, уапсен е пиштолџијата

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено