Конгресот бара да се стави крај на учеството на САД во војната во Јемен

Од:

Претставничкиот дом на Конгресот на САД гласаше за ставање крај на американската воена поддршка на Саудиска Арабија за војната во Јемен.

На овој начин американските конгресмени се спротивставуваат на ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп во врска со поддршката на Ријад.

Претставничкиот дом за ваквиот закон гласаше со 247 гласа „за“ и 175 „против“, а еден конгресмен го повика Трамп „да ги повлече американските сили од воената акција во Република Јемен“ во рок од 30 дена.

Законот минатиот месец доби поддршка и во Сенатот и сега тој треба да биде доставен ба потпис до претседателот Трамп, кој најверојатно ќе стави вето на документот.

Белата куќа ја нарече мерката „погрешна“ и предупреди дека тоа ќе им наштети на односите на САД со земјите во регионот, пред се со Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски