Комесарот за човекови права на Советот на Европа е против унгарскиот ѕид кон Србија

Од:

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниакс упати критика до унгарските власти поради најавата за подигнување ѕид долж границата со Србија, со цел да се спречи влегување на мигринати.

– Унгарскиот план е лоша идеја. На мигрантите треба да им се овозможи пристап до азил, а не да се спречуваат, напишал Муижниакс на Твитер.

Унгарскиот министер за внатрешни работи Петер Сијарто вчера изјави дека неговата земја ќе изгради ѕид висок четири метри и долж 175-километарската граница со Србија за да се спречи бранот од илегални имигранти.

Тој нагласи дека властите се одлучиле на ваков потег откако во првите шест месеци од годинава регистрирале дека преку границата преминале 57.000 илегални имигранти, главно Сиријци, Ирачани и Авганистанци.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон