Кој e Пригожин човекот кој удри на Путин – од продавање виршли до богаташ, во затвор за кражби, па до газда на платеничка војска

Од:

Евгениј Пригожин (62), основачот на Вагнер, со години важеше за еден од блиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин.

Роден како и Путин во Ленинград, сега Санкт Петербур, во 1961 година. Татко му умрел кога бил млад, а неговата мајка работела во болница. Младиот Пригожин бил испратен во спортска академија, но не успеал како професионален спортист, а по завршувањето на училиштето влегол во лошо друштво на ситни криминалци.

Судските документи од 1981 година, кој ги објави Гардијан ја раскажуваат приказната за една од кражбите за која е осуден. Виделе жена сама на улица, Пригожин ја фатил за врат, стискајќи ја се додека не изгубила свест. И ги украле и обетките од увото и ја оставиле да лежи на улица. Тоа е еден од многуте грабежи што Пригожин и неговите пријатели ги извршиле во Санкт Петербург во период од неколку месеци. Кога излегол од затвор, набрзо повторно се нашол зад решетки, но делата биле посериозни – детска проституција, грабеж и изнуда.

Тој беше осуден на 13 години затвор, излезе во 1990 година.

По излегувањето од затвор почнал да продава виршли, тоа е времето по распадот на СССР. . Умешен бил да создава пријателства со луѓе за кои мислел дека ќе му се најдат. Со еден таков партнер почнува и неговиот вртоглав подем во хиерархијата на моќта во Русија. Со Тони Гир, британски хотелски администратор кој претходно работел во Савој во Лондон го отвора луксузниот ресторан на брегот на Нева во Санкт Петербург, каде што се собирале тајкуните, но и градоначалникот на градот со кого понекогаш доаѓал и Путин, тоа му овозможило да се запознае и зближи со Путин .

Пригожин почна да добива договори за одржување на големи владини настани преку Конкорд, холдинг компанија што ја основал во 1990-тите. Следниот чекор беа огромни владини договори за снабдување. Во 2012 година, таа доби повеќе од 10,5 милијарди рубљи (200 милиони фунти) договори за обезбедување храна за московските училишта

Неговата компанија „Конкорд“ доби повеќе од профитабилен угостителски бизнис и за големата руска армија, кој ги снабдувал со храна. Го нарекуваат и „ Куварот на Путин“ Вкупната вредност на договорот на годишно ниво изнесувала над две милијарди евра.

Наскоро Пригожин го проширил својот бизнис во други сфери. Тој е сопственик на корпорација која вклучува фабрика за тролови од која пропагандата на Путин се шири низ светот преку социјалните мрежи. Тоа значи дека стотици платени интернет тролови ги преплавуваат социјалните мрежи дома и во странство со коментари со омраза против руската опозиција и лажни извештаи, пишуваа медиумите.

Пред неколку години, самиот Пригожин стана предмет на истрага во САД за мешање во американските избори. Спротивно на очекувањата, Пригожин не останува во сенка, туку ја основа „Групата Вагнер“, приватна платеничка воена единица, некои велат и со амин на Путин.

Влијанието на Вагнер рапидно расте и овие платеници моментално се лоцирани во околу 30 земји, вклучувајќи ги Сирија и африканските земји. Сепак, Вагнер на голема сцена стапи на 24 февруари минатата година со почетокот на инвазијата на Украина, т.е. специјални воени операции, како што го нарекуваат во Кремљ.

Замислена како брза воена интервенција, руската инвазија се претвори во долготрајна војна. Големите загуби во работна сила и опрема доведоа до тоа Пригожин и неговата група Вагнер да добијат позначајна улога на фронтот.Кон крајот на минатото лето започна операцијата за освојување на Бахмут, град во источна Украина што се одржуваше до пред неполни два месеци. Според западни извори, Вагнер изгубил повеќе од 20.000 војници во освојувањето на Бахмут. По падот на Бахмут, Пригожин, кој во неколку наврати јавно го критикуваше военото раководство во Кремљ, ги повлече своите платеници од фронтот под изговор дека им е потребен одмор и ги префрли во Белгород.

Дефинитивниот крај на Вагнер започна со одлуката поддржана од Путин дека сите воени групи мора да потпишат договори со Министерството за одбрана.

Пред две недели Пригожин одби и ги покани министерот за одбрана Шојгу и началникот на Генералштабот Герасимов лично да дојдат кај него на разговор.

Пригожин ја обвини руската елита дека „ги штити сопствените деца од војна, додека децата на обичните Руси гинеа на фронтот“.

Овој поранешен осуденик обично сака луксузен живот. Тој има приватен авион, јахта вредна милиони долари и неколку луксузни куќи. еден од нив се наоѓа на брегот на Црното Море во природен резерват каде според официјалните податоци градбата е забранета.

Пред неколку години, неговата ќерка Полина се омажи и венчавката се одржа во една од најелитните згради во Санкт Петербург – вилата на Романовци. Западните медиуми шпекулираа дека по падот на Бахмут, Пригожин би можел да добие профитабилни зделки со рудници во Украина.

Би можело да ве интересира

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ