Киднапирана сестрата на Хулк

Од:

Помладата сестра на бразилскиот фудбалски ас Хулк кој настапавуза за руски Зенит, Анжелика Ашаресида Виера вчера е грабната од непознати лица пред еден ресторан во Сао Паоло, во кој работела како нутриционистка.

Киднаперите ја извлекле младата девојка од возилото и набрзина ја префрлиле во нивното комбе, по што заминале во непознат правец. Хулк и неговото семејство се уште чекаат да им се јават грабнувачите и да ги соопштат и да ги соопштат нивните барања, пренесува бразилската полиција.

Напаѓачот на Зенит, кој сигурно нема да настапи вечерва во Белгија против Анделехт, се прослави летово со најголемиот трансфер од Порто во редовите на рускиот шампион за 55 милиони евра, но со тоа неговото семејство стана уште поголема мета во Сао Паоло, каде на секој два дена е киднапирана по една жртва.

Ова не е прв пат киднаперите на мета да имаат членови на семејства на славни спортисти. Пред осум години низ пеколен хорор помина Робињо, кој исплати 75 илјади долари за ослободување на неговата мајка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати