Кери и Абас се договорија за доставување на хуманитарна помош за Појасот Газа

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери и палестинскиот претседател Махмуд Абас се согласија дека е неопходно да се достави хуманитарна помош за обнова на Појасот Газа.

Според податоците на Обединети нации, Појасот Газа е речиси целосно разурнат во 50-дневната израелска офанзива, при што 100.000 Палестинци останаа без домови.

Абас в петок пред Генералното собрание на ОН ќе претстави нов план за израелско-палестински мировни преговори.

Кери на средбата со Абас повторил дека Вашингтон поддржува решение за израелско-палестинскиот конфликт според моделот за создавање на две држави.

Би можело да ве интересира

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Песков: Русија ја признава државата Палестина

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците

САД, Франција, Германија и Австрија: Прерано е да се признае Палестина

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД