САД, Франција, Германија и Австрија: Прерано е да се признае Палестина

Од:

САД, Франција, Германија и Австрија порачаа дека се уште нема услови за признавање на Палестина и дека е неопходно да се водат преговори за решение со две држави за блискоисточниот спор.

Ирска, Норвешка и Шпанија претходно најавија дека ќе ја признаат Палестина на 28 мај.

Вашингтон, Париз, Берлин и Виена сметаат дека е рано за тоа.

Американскиот претседател Џо Бајден верува дека палестинската држава треба да се постигне преку преговори, а не со еднострано признавање, соопшти во средата Белата куќа. „Претседателот е силен поборник за решение со две држави и тоа го правеше во текот на неговата кариера“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Тој смета дека палестинската држава треба да се постигне преку директни преговори меѓу страните, а не преку еднострано признавање“, вели тој.

Условите за официјално признавање на Палестина како држава сè уште не се исполнети, изјави во средата францускиот министер за надворешни работи, откако група европски нации го објавија потегот со надеж дека ќе помогне да се донесе мир во регионот.

„Ова не е само симболично прашање или прашање на политичко позиционирање, туку дипломатско средство во служба на решение на две држави кои живеат една до друга во мир и безбедност“, рече Стефан Сежурн во изјавата. „Франција не смета дека се уште се исполнети условите оваа одлука да има вистинско влијание врз тој процес“.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Песков: Русија ја признава државата Палестина