Научниците од Јужна Африка направија копија на антиковид вакцината на Модерна, со цел да се зголеми стапката на имунизација во земјата.
Модерна претходно соопшти дека нема да ја патентира вакцината, со што им се овозможува на научниците од Јужна Африка да произведат своја верзија на вакцината против Ковид-19.
Директорот на компанијата „Африкен бајолоџикс“, Петро Тербаланче изјави дека за вакцината против Ковид-19 „е употребена иста секвенцата како Модерна 1.273“.
Африка е со најниска стапка на вакцинирани против Ковид-19 во светот.
Извор: МИА