Јоханис: Романија ќе испрати 120 војници во Полска

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис, по денешната седница на Врховниот совет за национална безбедност, изјави дека Романија ќе испрати во Полска контингент од 120 војници, кои ќе бидат дел од НАТО силите во тој регион.

Тој посочи дека од 2017 година Романија ќе биде претставувана од страна на една чета од 120 војници со соодветна опрема, за што Букурешт се залагаше на средбата на НАТО во Варшава во 2017 година.

– Контингентот има улога да придонесе за гарантирањето на безбедноста и заедно со националната армија да дејствува во ситуација на криза или конфликт, истакна Јоханис.

Тој, исто така нагласи, дека Врховниот совет за национална одбрана денеска ги одобрил целите на Романија за претстојниот самит на НАТО, што ќе се одржи во Брисел.

Јоханис истакна дека одвојувањето на два проценти од бруто домашниот производ за Министерството за одбрана на Романија има „двоен ефект“ – од една страна ќе овозможи модернизација и опремување на романската армија, а од друга, ќе придонесе за заживувањето на националната одбранбена индустрија и за создавањето на нови работни места.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата