Јилдирим: Турција со Русија и САД ја разгледува операција во Рака

Од:

Турција ја разгледува со Русија и САД операцијата за ослободување на сирискиот град Рака, но нема да учествува доколку во операцијата бидат вклучени курдите, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.

– Турција успешно ја заврши операција во Ал Баб, укажувајќи и поддршка на Слободната сириска армија, Сега продолжуваат преговорите со Русија, САД и коалицијата по прашањето за ослободување на Рака од борците на Исламската држава. Се уште немаме донесено одлука по тоа прашање, нагласи Јилдирим во турскиот Парламент.

Тој истакна дека Турција сепак донела една одлука по тоа прашање.

– Ако терористичката група – Сили за заштита на народот и Партијата на демократскиот сојуз, што се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК), бидав вклучени во операција во Рака, ние нема да учествуваме. Нема да се движиме „рамо до рамо“ со терористи, наведе Јилдирим.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа