Јапонија, Кина и Јужна Кореја ги зајакнуваат односите

Од:

Јапонија и Кина се договорија денеска повторно да воспостават меѓусебни посети на министрите за надворешни работи и да одржат на почетокот на следната година билатерален економски дијалог на високо ниво, изјави портпаролот на јапонската Влада, додавајќи дека врските меѓу двете најголеми азиски економии се подобруваат.

Ова беше договорено во рамки на денешната трилатерална средба на јапонскиот и кинескиот премиер Шинѕо Абе и Ли Кечанг и претседателот на Јужна Кореја, Парк Геун-хе.

Кина и Јапонија исто така се согласија заедно да работат на почнување на примената на механизмот на комуникација меѓу нивните воени сили.

Кинеско-јапонските односи, кои се влошени од јапонската агресија во Втората светска војна и споровите околу острови во Источното Кинеско Море се подобрија откако Абе се состана два пати со кинескиот претседател Кси Џинпинг, од минатиот ноември.

Претседателот на Јужна Кореја и премиерите на Кина и Јапонија учествуваа денеска во Сеул на првата трилатерална средба на високо ниво меѓу овие земији изминатите три години.

Тројцата државници ветија дека ги ја зајакнат соработката и дијалогот за подобрување на односите.

Во заедничката изјава по средбата тројцата лидери посочија дека постигнале спогодба за подобрување на односите преку „праведно толкување на историјата и продолжување напред со фокус на иднината“.

Тие исто така се заложија да вложат максимални напори за што е можно поскоро да бидат обновени шестстраните преговори за севернокорејската нуклеарна програма.

Тројцата лидери се договориле и за забрзување на прреговорите за тристрана зона за слободна трговија.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он