Италијански надбискуп: Да се забрани кумството, бидејќи мафијата го злоупотребува

Од:

Еден од водечките поглавари на Римокатоличката црква, надбискупот Џузепе Фјорини Морозини, побара на десет години да се забрани именување на кум, со цел да се спречи мафијата и другите криминални групи, религијата да ја користат како средство за ширење на влијание на своите семејства.

Тој во емисија на радио „Ватикан“, ги обвини мафијашите дека ги користат верските симболи и свети тајни, како што е крштевањето, за стекнување подобар имиџ во општеството.

nadbiskup-fjorini

Надбискупот Морозини, истакна дека во тек на посета на Клабрија, минатиот месец, папа Франсис ја охрабрил неговата идеја и предолжил католичките бискупи од југот на Италија во таа смисла да поднесат заеднички предлог до Ватикан.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ