Италија задржа германски хуманитарен брод кој спасувал мигранти на отворено море

Од:

Италијанската крајбрежна стража денеска задржа германски брод кој спасуваше мигранти на отворено море на Сицилија, наведувајќи како причина повреда на безбедносните и еколошките прописи.

Во соопштението на крајбрежната стража се вели дека биле забележани 23 „неправилности“, а некои биле доволно сериозни да го задржат хуманитарниот брод „Си-еј 4“ во пристаништето Палермо се додека не се отстранат проблемите.

Минатиот месец, тој брод истовари повеќе од 400 мигранти пронајдени во шверцерски чамци на Средоземното Море во друго пристаниште на Сицилија.

Крајбрежната стража тогаш тврдеше дека бродот нема доволно опрема за спасување на повеќе од 27 лица во случај на несреќа на бродот.
Претседателот на хуманитарната организација „Си Ај“, на која и припаѓа бродот, Горден Ислер рече дека аргументот на крајбрежната стража е секогаш ист дека бродот спасува премногу луѓе од давење, иако нема доволно капацитет и потребните сертификати за таква намена.
– Нашиот капетан ја извршуваше својата должност на море на примерен начин. Тој беше сведок на несреќа на море и изврши безбедно спасување. Земјите од Европската унија можеа да научат нешто од тоа, рече тој, додавајќи дека биле спасени 408 лица, од кои 105 деца.

Ислер тврди дека инспекциите во основа се користат за да се спречат понатамошни мисии за спасување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов