Италија и Унгарија бараат ЕУ да апелира на примирје во Украина

Од:

Италија и Унгарија побараа на претстојниот Самит на Европска Унија да се апелира за прекин на огнот во Украина и за мировни преговори со Русија.

Во нацрт завршната изјава за Самитот, што ќе се одржи на 30 и 31 мај, се наведува дека „ЕУ е непоколеблива во својата посветеност да и помогне на Украина да го оствари правото на самоодбрана од руската агресија“.

Во нацрт изјавата не се споменуваат мировните преговори.

На состанокот на амбасадорите на ЕУ на 20 мај, италијанскиот дипломат предложи измени на текстот, истакнувајќи дека изјавата треба да вклучи повик за мировни разговори и итен прекин на огнот како приоритети на ЕУ.

Предлогот беше поддржан од Унгарија и Кипар, кои се меѓу најгласните критичари на новиот пакет санкции на ЕУ против Русија.

Во нацрт-заклучок за претстојниот Самит се истакнува дека ЕУ останува посветена на зајакнување на способноста на Украина да го брани својот територијален интегритет и суверенитет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков