Испораките на оружје од САД за Украина „организирано истекување информации“

Од:

Пратениците во руската Државна дума денеска како „организирано истекување информации“ ги окарактеризираа податоците објавени од весникот „Њујорк тајмс“ за можни испораки на оружје од САД за Украина, пренесе ТАСС.

– Сметаме дека е тоа организирано истекување информации, еден вид испитување на тлото. САД, се разбира, најмногу ги интересира реакцијата на Русија, изјави првиот заменик претседател на парламентарната група на партијата „Единиствена Русија“ и член на комисијата за одбрана во Думата, Франц Клинцевич.

Парламентарецот, исто така, потврди дека Русија „многу добро знае дека САД веќе долго време и испорачуваат вооружување на Украина, а меѓу него и смртоносно“.

– Но, сега, како што се чини, може да станува збор за други величини, забележа тој.

Според ставот на Клинцевич, настаните во југоисточна Украина не се развиваат според американското сценарио. „Така што тие може сосема да го одвртат вентилот. Но, ние треба да реагираме не на истекувањето (информации), туку на реалните активности. И, се разбира, да ја држиме раката врз пулсот на настаните“, смета тој.

Клинцевич, исто така, изрази уверување дека неговата земја и „во иднина ќе биде провоцирана“.

-Целта е директно вовлекување на Русија во конфликтот во Украина, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани