Исламска држава 71 пат употребила хемиско оружје во Ирак и Сирија

Од:

Џихадистите од Исламска држава од 2014 година до сега најмалку 71 пат употребиле хемиско оруже во Сирија и Ирак, се наведува во денеска објавената најнова анализа на британската аналитичка компанија ИХС Маркит.

Како што се наведува, постои голем ризик ИД ова оружје да го употреби и против цивилите или против  воените сили кои се обидуваат да ја повратат контролата врз ирачкиот град Мосул, пренесуваат американските медиуми.

Во анализата, исто така, се наведува дека Мосул бил центарот за производство на хемиското оружје на џихадистате, но експертите веруваат дека на почетокот на офанзивата врз Мосул, што почна во октомври, ИД ги префрлила материјалите и стручњаците во Сирија .

ИХС заклучува дека во Мосул најчесто се користиле хлорин и иперит.

Како што се прецизира во анализата, џихадистите од 2014 година хемиското оружје во Сирија го употребиле 52 пати, а во Мосул 19 пати.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град