Ирански суд осуди четири лица на смрт за шпионажа за Израел

Од:

Иранскиот револуционерен суд во северозападниот град Урмија осуди четири лица на смрт под обвинение дека соработувале со израелската разузнавачка агенција Мосад и споделувале доверливи и чувствителни информации со режимот во Тел Авив, објави иранскиот весник „Мехр њуз“.

Главниот судија на иранската покраина Западен Азербејџан, Насер Атабати, изјави дека обвинетите се осудени за фотографирање и снимање чувствителни центри низ целата земја и пренесување чувствителни информации на израелските разузнавачки службеници.

Тие се обвинети за набавка на СИМ-картички и купување специјални телефони за итни конференциски повици со агенти на Мосад, како и за поставување експлозиви и палење пожари во иранскиот главен град Техеран, како и во градовите Урмија, Шахруд и Исфахан.

Тие беа обвинети и за идентификување воени локации, утврдувања и чувствителни инсталации низ целиот Иран, како и за примање плаќања во форма на криптовалути од израелската војска, за време на војната меѓу Иран и Израел што траеше од 13 до 24 јуни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Иранците ги напуштија преговорите за завршување на војната со САД

Катерина Ѓуровски

Иран се заканува со силен одговор на каков било напад, Емиратите стравуваат од нова војна

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија